Теквондистите од охридскиот клуб „ХВА РАНГ ИТФ“ заедно со екипите Бајша (Србија) и Шкорпион (Словенија) имаа тренинг на отворено покрај Охридското езеро.


Презентери на тренингот беа Исмет Ичановиќ од клубот Шкорпион, црн појас VI дан, носител на златен медал од светско првенство, Маринко Стојаковиќ (црн појас, V дан) европски шампион од ТК Бајша и Марјанчо Лазаревски (црн појас, IV дан) светски вицешампион.


Активно на тренингот учествуваа и репрезентативката на Србија, Бојана Зориќ (црн појас), Зоран Донев (црн појас, I дан, репрезентативец на Македонија) , Ацо Јосифоски (црн појас, IV дан) , претседателот на таеквондо федерацијата на Србија и Дејан Ѓурасовиќ, Борче Јовановски (црн појас, репрезентативец на Македонија).

Ова не е прв пат охридски клуб во боречки вештини да има тренинг на отворено. Минатата година во водите на Охридското езеро тренинг одржа карате клубот Самурај. 

OhridNews