Охридските теквондисти имаа успешен настап освојувајќи три одлуичја на Меѓународниот ИТФ А класа турнир кој се одржа во словенскиот град Велење.
На турнирот учествуваа најдобрите теквондисти од 32 клубови кои доаѓаа од 11 земји. Македонски преставник беше тимот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид кој се натпреваруваше со пет преставници, најдобро помина Давид Крстески, кој освои сребрен и бронзен медал, а третиот медал го донесе Давид Велковски.
Велкоски сребреното одличје го освои во една од најтешките категории спаринг-борби до 57 килограми со дискутабилни судиски одлуки во бодувањето. 10-годишниот Давид со сребрен и бронзен медал се закити во дисциплината форми и спаринг-борби за кадети.
– Судиите констатно ги форсираа нашите противници во случајот домашните натпреварувачи. На судиски одлуки додека Крстески се натпреваруваше реагираа и останатите тимови кои ги гледаа борбите и едноставно уживаа во неговата тактичка и физичка подготвеност. – изјави тренерот Марјанчо Лазарески.
Покрај контроверзното судење противник на охриѓани беше и заморот кој ги стигна после учеството на турнирот во Добој, Босна и Херцеговина минатиот викенд.
OhridNews