Охридсите теквондо клубови „Хва ранг ФИСТ“ и „Хва ранг ИТФ“ имаа забележителен настап на Меѓународниот турнир „Скопје Опен 2019“ кој се одржа во Бутел. На турнирот учествуваа 37 клубови од седум земји, а продефилираа околу 400 теквондисти. „Хва Ранг ФИСТ“ учествуваше со шест натпреварувачи во пионерската конкуренција, додека екипата на „Хва ранг ИТФ“ броеше 13-ет теквондисти.
Златни медали за „Хва Ранг ФИСТ“ донесоаја браќата Ѓорѓи и Петар Петкоски, Стојанче Томаноски освои сребро откако изгуби во финалето. Дебитантите на Сара Ническа и Јана Сандреска се закитија со бронзени медали.
Тимот на „Хва ранг ИТФ“ нанижа 13 одличја. На првото место на пиедесталот се искачија Никола Балчески, Марио Крстески, Александар Пуцоски, Михаил Јоноски и Леон Деспотоски. Со сребрен медал се закитија Филип Трифуноски, Божидар Димитриевиќ, Климент Богоески и Стефан Каланоски, а со бронзен медал финишираа Димитар Андрески, Теодор Стефаноски, Стефан Богоески и Дарјан Китаноски.
Добриот викенд на почетокот од овој месец е мотив повеќе за тренинзи и што подобра физичка и тактичка подготвеност за турнирот во Охрид кој ќе се одржи на 1 јуни.
OhridNews