Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид викендов кој доаѓа ќе учествува на најјакиот меѓународен теквондо ИТФ турнир БУГАРИЈА ОПЕН 2016 во Пловдив.


Турнирот во Пловдив е еден од најпрестижните турнири во југоисточна Европа и пошироко, каде земјите учесници ги одбираат своите репрезентативци за идната година.

Под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите од теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид како поединечно, така ќе ги одмерат силите и екипно во кадети-машки до 14 години и сениори-машки. На турнирот силите ќе се одмеруваат само во една дисциплина, спаринг –борби. 

Во охридскиот клуб постои голема надеж за добри резултати како и на претходните меѓународни турнири на кои учествуваше.

OhridNews