На 6 и 7 октомври во Добој, Босна и Херцеговина се одржа еден од поквалитетните А класа Теквондо ИТФ турнири на Балканов. На турнирот помеѓу 350-те натпреварувачи од 28 клубови од 7 земји беше охридскиот „Хва Ранг ИТФ“ кој настапи со осум теквондисти во две дисциплини форми и борби поединечно.
Сите натпреварувачи се вратија со медали, а пет борци успеаја да освојат две одличја што го направи охридскиот клуб еден од поуспешните на престижниот турнир.
"Bosna OPEN 2018" highlights 🙂
Geplaatst door Marjancho Lazarevski op Maandag 8 oktober 2018
– Иако бевме некомплетни поради обврски на дечињата на училиште можеме да се пофалиме дека нашите натпреварувачи блеснаа и нам и Македонија не преставија во одлично издание. Во борбите со далеку поквалитетните противници покажаа извондредна техника, борбеност и шампионски дух што нас ни преставуваше вистинско задоволство. – изјави Марјанчо Лазаревски.
Од клубот му изразуваат голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал кој одново се погрижи за учеството на ултра квалитетниот турнир во Добој.
Освојувачи на медали:
Елена Јанеска:
1 место –злато борби -50 кг кадетки 11-13 години
1 место –злато форми жолт појас кадетки 11-13 години
Антонио Јанески:
1 место –злато борби -60 кг јуниори 14-15 години
2 место –сребро форми зелен појас јуниори 14-15 години
Стефан Каланоски:
2 место –сребро борби -57кг јуниори 16-17 години
1 место –злато форми зелен појас јуниори 16-17 години
Божидар Димитриевиќ:
2 место –сребро борби + 65 кг јуниори 14-15 години
2 место –сребро форми плав појас јуниори 14-15 години
Јане Димов:
3 место –бронза борби + 75 кг јуниори 16-17 години
1 место –злато форми зелен појас јуниори 16-17 години
Марио Крстески:
1 место –злато борби -45 кг кадети 11-13 години
Давид Крстески:
3 место –бронза борби -40 кг кадети 11-13 години
Филип Трифуноски:
3 место –бронза борби +60 кг кадети 11-13 години
OhridNews