Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец-Охрид викендов ќе биде дел од Меѓународниот турнир „Скопје Опен“ кој ќе се одржи според правилата на олимпиското таеквондо.

Охридската екипа на турнирот ќе учествува со повеќе дебитанти, но и од нив се очекува добра изведба и пласман. Од клубот му се заблагодарија на генералниот спонзор „ПН Метал“ кој констатно ги поддржува.

OhridNews