Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, викендов што доаѓа ќе учествува на меѓународниот теквондо ИТФ турнир во Добој, Босна и Херцеговина кој се вбројува во еден од најпрестижните турнири на Балканот.


На турнирот под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион ќе настапат вкупно 16 натпреварувачи (Крстесеки Давид, Крстески Марио, Јанеска Елена, Јанески Антонио, Димов Јане, Митрески Христијан, Велковски Давид, Димитриевиќ Божидар, Спасека Јана, Јованоски Александар, Кузманоски Климент, Трифуноски Филип, Грозданоски Климент, Филип Јосифоски, Ангела Јовческа, Тамара Вељаноска.

Од клубот веруваат дека натпреварувачите ќе го дадат својот максимум и ќе имат успешен настап на турнирот во БиХ.

OhridNews