Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид од 5 до 7 октомври ќе учествуваат на меѓународен теквондо ИТФ „А Класа“ турнир „БОСНА ОПЕН 2018″ во Добој, БиХ, кој е традиционално еден од најквалитетните “А Класа” турнири” за есенската сезона.
На турнирот под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе уќествуваат и за специјални техники и тест на снага.
Од клубот му се заблагодаруваат на генералниот спонзор ПН Метал и се надеваат дека теквондистите ќе го покажат најдобро од себе на турнирот во Босна и Херцеговина.
OhridNews