Дел од охридските таксисти воведоа сопствен ценовник. Секој наплаќа по своја желба . За охриѓани тие овие дваесеттина дена откако почна туристичкиот шпиц се недостапни, а на гостите од странство и од другите градови им наплаќаат дупло повисоки цени од вообичаените.
На пример ако од центарот на Охрид до Билјанини извори нормална цена е 50 денари сега за истата релација треба да платите три пати повеќе односно околу 200 денари, зависи со кој таксист се возите.
Многу малку се оние кои го почитуваат законот и одлуките на Советот на општината .Таксистите овие неколку дена воопшто не ги вклучуваат таксиметрите и работат на диво.Граѓаните се револтирани од ваквата ситуација:
– Ние обично прашуваме пред да тргнеме, но за неколку километри бараат 150 денари што е многу. Со вклучен таксиметар плаќавме 50 ден. а сега бараат 150 денари, вели револтиран граѓанин.
-Охриѓаните не изгореа, за една раскрсница 150 денари , од едни семафори до други 190 денари, по таксиметар куца 120 денари, вели гостин. Друг додава: Сите се договориле меѓу себе да возат 150 денари за 2 км. Преку зима ќе молат да возат за 30 денари на дупло подолга релација.
таксиметар летово ретко се уклучува
Меѓу тие со кои разговаравме имаше и такви кои претходно се распрашале и поради високите цени на таксистите , користат само автобуски превоз.
Од општината велат дека се запознаени за целата ситуација но дека немаат начин како да го решат проблемот. Таксистиоте кои не сакаа јавно да зборуваат, велат дека сите не треба да се ставаат во ист кош и дека сето ова го прават оние кои работат на диво или кои имаат сопствени возила во некоја од такси компаниите.
Мики Трајковски