Таеквондо клубот HWA RANG ITF од Лескоец, Охрид ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Лехел Везер“ кој по седми пат се одржува во Унгарија.


Овој турнир започнува на 10 октомври, а клубот ќе биде претставуван од шест натпреварувачи кои ќе настапат во категориите форми (кати) и спаринг.

HWA RANG ITF ќе биде претставуван од следните натпреварувачи : Антонио Јанески- спаринг (155 см) и форми, Миле Климоски- спаринг (64 кг.) и форми, Александар Митрески- спаринг (71 кг.), Александар Јованоски- спаринг (63 кг.) и форми, Христијан Митрески- спаринг (165 см) и форми, Давид Велковски- спаринг (155 см) и форми

Двајца од натпреварувачите, Миле Климоски и Александар Митрески ќе се натпреваруваат во сениорска конкуренција, Александар Јовановски во јуниорска, додека пак Антонио Јанески, Христијан Митрески и Давид Велковски ќе настапат во категоријата постари пионери.

Тренери на клубот се Марјанчо Лазаервски, светски вицешампион во кикбокс од Прага 1996 година, носител на црн појас IV дан и Зоран Донев, носител на црн појас I дан.

На ова натпреварување со клубот ќе патува и Божидар Димитриевиќ, кој поради повреда нема да може да учествува во натпреварите.

Ohridnews