Охридските таеквондо клубови ХВА РАНГ ИТФ, ХВАРАНГ ФИСТ и МАСТЕР со заеднички коктел во ресторанот „Гурман“ се збогуваа со 2015 година која една од најуспешните сезони.


На коктелот трите клубови им се заблагодарија на новинарите и соработниците за несебичното помагање во историската сезона за таеквондо вештината во Охрид


– Годината што изминува е повеќе од успешна за нас. Учествувавме на многу натпревари во и надвор од Македонија. Освојувавме медаљи и го презентиравме таеквондото надвор од нашите граници. – рече потпреседателот на таеквондо федерацијата во Македонија, Марјанчо Лазарески.



Тој најави организација на голем настан во 2016 година и учество на ултра квалитетни турнири во Македонија и странство.

Мх.П.