Охридските судии од Општинскиот фудбалски сојуз триумфираа на меморијалниот турнир во Битола кој се одржува во чест на Петар Вељаноски-Мувата.
Охриѓани во полуфиналето ги совладаа своите колеги од Струга со 3-2, додека во финалето славеа со 6-2 против Прилеп. Во малото финале судиите од Битола со 3-2 на пенали ги совладаа судиите од Струга и го освоија третото место.
Меморијалниот турнир за прерано починатиот перспективен судија прераснува во традиција која ја негуваат неговите колеги од југо-западниот регион.
Фото: Гол.мк
OhridNews