Фудбалерите на Шкендија ги обединија клупските титули во македонскиот фудбал. Тетовските „црвено црни“ на трофејот од Првата лига ја додадоа титулата од Купот на Македонија совладувајќи го Пелистер со 3-0 во финалето кое се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.
На висина на задачата во финалниот меч во Купот на Македонија беа охридските судии, кои ја добија довербата од ФФМ за делење на правдата. Марјан Маркоски беше главен мечот, Жарко Тодороски беше еден од аситентите, а Марјан Ецкоски еден од судиите позади головите.
Шкендија, победата и титула од „втора шанса“ во Купот на Македонија против Пелистер ја најави со голот на Висар Муслиу во првиот дел. Во второто полувреме Бесарт Ибраими зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Муслиу со вториот погодок на натпреварот.
Следната сезона Шкендија ќе има голема обврска во македонскиот фудбал да ги одбрани трофеите, додека Пелистер ќе слезе ранг подолу и ќе се натпреварува во Втората лига, со надеж за брзо враќање помеѓу елитата.
Фото: Филип Вирановски (Гол.мк)
OhridNews