На последната од серијата работилници за промоција на Националната стратегија за млади и кампањата за имплементација на стратегијата, закажана на ФТОН-Охрид учествуваа само 4 студенти од кои еден преставник на студентскиот сојуз и 3 студентки – членки на АИЕСЕК, информира Младискиот совет – Охрид .
На четирите девојки им беше презентирана коалицијата СЕГА, националната стратегија за млади и кампањата што коалиција СЕГА ја реализира со цел да започне имплементацијата. Студентките не го криеа задоволството од ова што СЕГА го работи, но исто така отворено зборуваа дека студентите не ги интересира ништо и дека првото прашање кое било поставено од нивна страна било дали за присуството се плаќа од страна на организаторите, велат од Младинскиот Совет.
Исто така беше даден коментар дека студентите не ги интересира ништо друго освен да заминат во странство па дури и по цена да не се заврши факултетот. Ова е уште еден показател дека нешто не е како што треба во нашето образование. „Се наметнува прашањето дали на студентите им треба подобрување на квалитетот на образованието или и ова им е доволно, или можеби многу,“ велат од Младинскиот совет.
Г. М.