Студентите од Факултетот за туризам и угостителство и Факултетот за информатичка технологија од Охрид,  денес од  10 до 14 часот ќе имаат можност да ја покажат својата хуманост и да даруваат крв. Крводарителната акција  ја спроведува Охридскиот Црвен крст во соработка со медицински екипи од Службата за трансфузиологија, при Општата болница од Охрид.

Како начин на благодарност за даруваната крв, покрај подарок од страна на организаторот, за студентите од овие факултети, деканатите подготвија и одредени олеснувања во студирањето, информираат од Црвениот крст и ги покануваат студентите да ја покажат својата хуманост.

OhridNews