На стрелиштето “Партизан” во Карпош 3 викендов во Скопје се одржа државното првенство со воздушно оружје, воздушна пушка и воздушен пиштол, за сениор(к)и и јуниор(к)и, во поединечна и во екипна конкуренција, на кое настапија преку 50 натпреварувачи од клубовите од Македонија.
На натпреварите од програмата воздушна пушка масовноста и конкурнецијата беше голема .Охриѓанецот Михаил Шишкоски со погодени 566 круга се пласираше на второто место зад Магдески од “Херој Прилеп“ кој погоди 570 поени, додека трет беше Гончев со 565 кругови.
Во јуниорска конкуренција, кај девојките најдобра беше Апостоловска од “СК Кавадрци“ сосо 385 погодени круга, додека на второто место заврши Нина Балабан од “СК Охрид “ со 357, а трета беше Темелкова (Кав) со 352 поени.
Екипно, со воздушна пушка меѓу сениорите титулата државен првак ја понесе екипата на “Херој Прилеп” со 1663 кругови, вицешампион е тимот на “Охрид” со 1649, а на третата позиција се пласира СК “Кочани “ со 1352 погодоци.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com