Викендов во Прилеп се одржа Куп во гаѓање со воздушна пушка-национална програма со што официјално започна натпреварувачката сезона за пионерите.


На натпреварот зедоа учество околу 40-тина стрелци од повеќе градови а во конкуренција на пионери во првите 10 дури 6 беа од СК ,,Охрид,,.

Екипата во состав Апостолоски Бобан(166), Годзоски Мартин (162) и Блазески Мики(162), и оваа сезона ја запоцна како првопласирана, додека пионерките во состав: Попоска Ирена (162), Тарабакоска Јована(122) и Тодороска Добрила (91) се пласираа на второто место.

Ohridnews