Викендов во ораганизација на Сојузот на училишен спорт за основци и средношколци во Скопје се одржа Државно првенство во гаѓање со воздушна пушка.


Охриѓанецот Апостолоски Бобан победи во конкуренцијата на основци со погодени 175 кругови, додека Мартин Гоџоски и Мики Блажески со идентичен број на кругови (166) се закитија со бронзен медал.
Во женска конкуренција Нина Балабан го освои второто место со резултат од 159 кругови. Во средношколската конкуренција кај девојките Гоџоска Верица со погодени 166 круга го освои третото место.

За охридските стрелци ова е добар вовед за наредната натпреварувачка сезона која започнува во јануари наредната година.

ohridnews