Прво место во екипен пласман за охридските стрелци на третиот куп во гаѓање со сериска воздушна пушка.

Стрелците од С.К. “Охрид“ во состав Апостолоски Бобан, Гоџо Мартин и Блажески Мики се пласираа на првото место со 495 кругови, 9 повеке од второпласираната екипа на Рек Битола со освоени 486.

Во пресрет на четвртиот куп и државното првенство кое ќе се одржи во Охрид на 07.06.2008 г, охридските стрелци се на првото место на вкупната табела со 20 кругови предност.

Поединечно Апостолоски Бобан го освои второто место со идентичен број на кругови со првопласираниот (173) . За само еден круг Мартин Гоџо не се закити со бронзен медал (162), Блазески Мики со 160 кругови го освои седмото место.

Стрелците на С.К “Ристо Шапкар“ со 345 круга го зазедоа осмото место на табелата.

ohridnews