Во сениорска конкуренција, кај пиштолџиите, триумфираа Д. Ристовски (Стрелец) со 559 кругови, пред В. Каранфилов (Раб) со 555 и пред Ј. Тасевски (Стр) со резултат од 553 поени.
Кај сениорките првите три места ги освоија О.Наковска – Бикова (Раб) со 369, втора беше Н. Лазарева – Симовска (Раб) со 363, а трета М. Димитриоска (ХП) со 356 поени.
Во натпреварите со воздушна пушка настапија поголем број стрелци од причина што беа поделени на сениори и на јуниори.
Така, со воздушна пушка кај сениорите најпрецизен беше Р. Василев (ХП) со 571 круг, кај сениорките Н. Апостоловска (Кав) со 392, а кај јуниорите Н. Илиев (Кав) го освои првото место со 550 поени.
Натпреварот во Охрид беше искористен и за прогласување на најдобрите клубови и поединци за минатата година, каде почестите отидоа во рацете на Н. Апостоловска (Кав) кај сениорките, односно Д. Ристовски (Стр) кај сениорите, додека на клупско ниво за најуспешен колектив беше прогласен СК “Кавадарци”.