Изминатиот викенд  во  Битола се одржа вториот куп со воздушна пушка во категорија на пионери и пионерки – сериска програма.

Стрелците на СК “Охрид“ мораа да се задоволат само со второто место и во екипна и во поединечна конкуренција.  

Со освоени 166 круга и сребрен медал се закити Блажески Мики за само 2 кругови помалку од првопласираниот Мартин Иваноски од РЕК Битола со освоени 168 кругови.

Во екипна конкуренција охридската екипа во состав Апостолоски Бобан, Гоџо Мартин и Блажески Мики (463) , го пропуштија првото место кое му припадна на РЕК Битола со освоени 465 кругови.

Како една од причинита за ваквите резултатит од клубот напоменуваат дека стрелиштето во Битола што се наоѓа во касарната не ги задоволува стандардите пропишани за воздушни стрелишта.

Висината на метите била за 10 цм. повисока од пропишаната па малите и неискусни пионери талкаа барајки го нишанското поле кое нормално поради висината се изместува, па што резултатите изостанаа.

ohridnews