Повеќе од одличен настап на пионерите на Стрелачкиот Клуб Охрид, кои во натпреварот во гаѓање со сериска воздушна пушка (национална) програма ги освоија првите места во поеднична и екипна конкуренција на Првиот Куп на Македонија кој се одржа викендов во Скопје.

Првото место во поединечна конкуренција го освои Апостолоски Бобан со освоени 175 кругови, додека трет заврши Мики Блажески со освоени 166 кругови, само четири помалку до вторпласираниот Мартин Иваноски од Битола . Влез во топ 10 избори Мартин Гоџоски пласирајки се на десетто место со освоени 154 круга.

Првото место во екипна конкуренција им  припадна  на стрелците од СК Охрид, кои настапија во состав Апостолоски Бобан, Блажески Мики и Мустракински Олег кои освоија 482 кругови доволни за комплетен триумф на Купот.

ПИОНЕРИ – ПОЕДИНЕЧНО

Бобан Апостолоски “Охрид”-Охрид 88 87 175
Мартин Ивановски “РЕК-Битола” – Битола 89 81 170
Мики Блажески  “Охрид”-Охрид   88 78 166
Никола Митевски “Македонија”-Пробиштип 83 81 164
Христијан Мургоски “Херој Прилеп”-Прилеп 83 77 160
Влатко Поп-Антоски “Херој Прилеп”-Прилеп  79 79 158
Филип Ивановски  “РЕК-Битола” – Битола 83 75 158
Сашо Челикиќ   “Гоце Делчев”-Скопје 77 80 157
Ерик Шутуш “Стрелец”-Скопје 80 76 156
10 Мартин Гоџоски “Охрид”-Охрид  77 77 154

        
ПИОНЕРИ – ЕКИПНО

СК “Охрид” – Oхрид   141 175 166 482
СК “РЕК-Битола” – Битола 158 170 139 467
СК “Херој Прилеп” – Прилеп 158 160 141 459
СК “Гоце Делчев” – Скопје 157 152 149 458
СК “Кавадарци” – Кавадарци 152 136 134 422
СК “Јане Сандански” – Битола  114 132 122 368
СК “Македонија” – Пробиштип  164 139 64 367
СК “Ристо Шапкар” – Охрид  134 91 128 353

ohridnews