Викендов на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески – Корчагин“ во Скопје, се одржа вториот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учество зедоа околу 30-тина стрелци. Охридските стрелци повторно постигнаа забележителни резултати:
Во категорија сениори прво место за Михаил Шишкоски со резултат од 587,9 кругови.
Во категорија јуниори прво место за Мартин Гоџоски со резултат од 574,6 кругови.
Кај јуниорките Јана Маркоска се пласира на четвртата позиција со резултат од 384,2 круга, додека пак младата јуниорка Мартина Петровска на која ова и е втор настап се пласира на петтата позиција со резултат од 376,7 кругови. На овај Куп свој дебитантски настап имаше и младиот Иво Илинчев кој постигна резултат од 513,8 кругови.
OhridNews