Во куп натпреварот за пинери и пионерки, одржан деновиве, во поединечен пласман Апостолоски беше најуспешен со резултат од 176 кругови. Неговите клубски другари Блажески и Гоџоски завршија на 5-тото, односно 6-тото место.
Кај пионерките(Попоска Ирена, Дукоска Климентина и Тарабакоска Јована) направија скок за цели 92 кругови од претходниот натпревар, но и тие не беа доволни за да се освои првото место во Купот, па пионерките завршија како второпласирани.
Во поединечна конкуренција Попоска Ирена се пласира на 3-тото место со резултат од 165 круга. Големо изненадување направија Дукоска и Тарабакоска кои за неполн месец го подобрија својот резултат за 40-тина односно 20-тина кругови па се пласираа на 6-тото и 9-тото место.