Изминатиов викенд на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа традиционалниот Турнир во стрелаштво-меѓународна програма, на кој учество зедоа клубови од Србија и Бугарија, а домаќини беа стрелачкиот клуб ,,Охрид,,-Охрид во соработка со Општинскиот стрелачки сојуз-Охрид.
На отварањето на турнирот на присутните им се обрати советникот Климе Шешо кој порача дека турнирот по повод Илинденските празници , што го организира Општинскиот стрелачки сојуз е продолжување на успешната повеќедецениска традиција на развојот на овој спорт во Охрид . – На крајот , наискрено ви посакувам да имате остро око и мирна рака и многу погодоци во целта . Покрај спортските натпревари, слободното време искористете го за дружење со вашите пријатели , кои се надевам , кога ќе се вратат во своите домови , со себе ќе понесат барем дел од убавата охридска приказна – рече Шешо.
И овај пат успехот на охридските стрелци не изостана:Во екипна конкуренција прво место за екипата на СК ,,Охрид,, во состав: Гоџоска Верица, Здравески Горан, Нина Балабан со резултат од 1171,8 кругови
На втората позиција се пласира екипата на СК,, Врање,, со резултат од 1169,7 кругови , а како третопласирани завршија стрелците на СК ,,Санел,, од Сандански со резултат од 1136,3 кругови. Четвртопласирана беше екипата на СК ,,Пирин,, од Благоевград со резултат од 1134,2 кругови.
Во поединечна конкуренција надмоќно прва Нина Балабан со резултат од 408,2- резултат кој беше повисок дури и од првопласираниот во машка конкуренција (инаку ова е нов државен рекорд на младата Нина Балабан, но бидејќи е турнир овај рекорд нема да се земе во предвид при севкупното бодирање и рангирање за оваа година). Сепак голема сатисфакција е што нејзината спортска форма оди во нагорна линија и се надеваме дека максимумот ќе го даде на право место и во право време.
Како третопласирана во конкуренција на женска конкуренција заврши Гоџоска Верица со резултат од 383,5 кругови.
За жал фаворитот кај мажите Михаил Шишкоски не настапи, па моравме да се задоволиме само со едно трето место во машка конкуренција и тоа за Здравески Горан со резултат од 380,1 кругови.
Во текот на нареднава недела започнуваат подготовките на нашите стрелци за останатите Купови на Македонија, но се надеваме дека Нина Балабан ќе земе учество и на натпреварот во Кевелаер наредниот месец, каде настапуваат светски познатите стрелци од типот на Ивана Максимовиќ, Миленко Себиќ, Тиха Тодоровиќ и многу други звучни имиња од светот на спортското стрелаштво.
Влезот на Нина во германската лига ќе значи многу, не само за неа туку и за клубот и македонското стрелаштво воопшто.
Ohridnews