На стрелиштето во касарната во Битола се одржа третиот, воедно и последен Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, на кој учество зедоа околу 50-тина стрелци од државава во пионерска категорија.
Купот во гаѓање со воздушно оружје-национална програма помина во знакот на охриѓани. Екипата на Стрелачкиот клуб Охрид во женска категорија во состав (Ива Маленко 170, Марија Ангеловска 170 и Марија Вангеловска 163) со вкупен резултат од 503 кругови се закити се златен медал. Во поединечна конкуренција Маленко заврши на првата позиција, а Ангеловска на втората.
Успешен настап во Битола имаа и пионерите од ЖСК „Лихнидос“ кои застанаа на првата позиција во екипен пласман со резултат од 506 кругови, во состав (Спасеновски Бојан 172, Никола Спироски 171, Кристијан Џепароски 163). Во поединечна конкуренција вицешампионска позиција за Бојан Спасеновски кој заостана зад првопласираниот за 6 круга, додека на третата позиција се најде Никола Спироски, со само еден круг помалку од второпласираниот.
До крајот на натпреварувачката сезона за пионерите во националнапрограма преостанува уште Државното првенство, кое треба да се одржи наредниот месец.
OhridNews