Викендов во Прилеп се одржа куп натпреварувањето со воздушно оружје- национална програма во категорија на пионери и пионерки.
Во поединецна конкуренција во категорија пионери првото место му припадна на Блажески Мики од СК,, Охрид,, со освоени 173 кругови. Апостолоски Бобан заврши на 4-то , на 5-то место Кадир Веселоски , на 8-мо Гоџоски Мартин на 10-то место Томаноски Велице со 152 круга.
Во екипна конкуренција првото место го освоија стрелците на СК,,Охрид“ во состав Мики Блажески, Бобан Апостолоски и Мартин Гоџоски со 498 круга, пред прилепските СК „Нисан 08“ и СК „Херој Прилеп“.
Во категоријата пионерки најдбро пласирана охриѓанка беше Нина Балабан која се пласираше на второто место со резултат од 166 круга, а Верица Гоџоска на 3 место со идентичен резултат 166 круга, но послаба втора серија.
И во екипна конкуренција првото место им припадна на охридските пионерки во состав: Нина Балабан, Верица Гоџоска и Емилија Маркоска со резултат 435 круга, пред екипата на ,,Куманово 2000,, со 407 круга и „Јане Сандански“ со 397 круга.
Во саботата беа прогласени и најдобрите стрелци од четирите Купови за 2008 год. Бобан Апостолоски се закити со златен медаљ, Мики Блажески со бронзен, додека во екипна конкуренција пехарот им припадна на стрелците од СК,, Охрид,,
Ваквите резултати говорат за успешноста на Стрелачкиот клуб ,,Охрид,, кој доби и една стипендија од Агенцијата за млади и спорт.
OHRIDNEWS
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com