Охридските стрелци ја завршија сезоната со учеството на петтиот Куп по ред во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програмата кој се одржа во Скопје.
Анастасија Мојсовска со испукани 387 кругови ја зазеде втората позиција, Мартина Петровска со два помалку се пласираше на третата позиција. Јована Милевска со 373 кругови финишираше на петтото место и Јана Маркоска на шестата со 372 кругови.
Од охридскиот клуб на лице место реагираа за оценувањето кое не беше автоматско и на цели кругови, а не со децимали.
– Судијата кој ги оценуваше метите немаше гурка-алатка со која се потврдува прецизноста на погодокот, а која тие се должни да ја имаат, ниту пак имаше тричлена комисија која ќе ја потврди веродостојноста на погодокот. – изјавуваат од клубот и додаваат. – Во секој случај, од клубот сме презадоволни како напредува спортската форма на нашите најмлади, кои ротираат на првите позиции во јуниорска категорија, но и во севкупниот пласман на жени.
OhridNews