Охридските стрелци победувајќи во екипна и индивидуална конкуренциј им одржаа лекција на конкурентите на Вториот Куп кој се одржа во Штип изминатиов викенд.

Пионерската екипа на Охрид со вкупно 497 кругови се закити со првата позиција. Ива Маленко која нема големо искуство на вакви натпревари се искачи на првото место од пиедесталот со 175 кругови, второто место и припадна на Марија Ванѓеловска. Задоволителни настапи иако завршија без медал имаа Климент Ристески и Теодора Спироска.

Охридската доминација во Штип ја заокружија пионерите од Лихнидос со испукани 522 кругови за прва позиција во екипен пласман. Со индивидуална награда се закити Никола Спироски кој имаше 182 кругови и заостана само два од државниот рекорд.

На стрелците им преостануваат неколку денови за добри подготовки за настапот на меѓународниот турнир во Сандански, Република Бугарија.

OhridNews