Охридските стрелачки Анастасија Мојсовска и Јована Милевска повторно на дело го демонстираа својот квалитет освојуваќи ги првата и третата позиција на Меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма за јуниори кој се одржа во бугарскиот град, Пловдив.
Мојсовска во исклучително силна конкуренција со натпреварувачи од повеќе клубови од Бугарија (Тракиа, Санел, Пирин, Казанлак) ја освои првата позиција со испукани 403 круга. Нејзиниот резултат во јуниорската конкуренција ќе беше сосема доволен за првото место на пиедесталот и да се натпреваруваш кај сениорките. Милевска се пласира на третата со резултат од 389,1 кругови со само 1 круг заостанување зад второпласираната.
Останатите членови од клубот, за кои учеството на турнирот во Бугарија беше втор настап на меѓународен натпревар се пласираа на 10-тата, 11-тата и 14-тата позиција, односно 6-та позиција за Бојан Спасеновски во категорија на млади јуниори.
– И покрај ваквите солидни резултати, што се бележат во континуитет, раководните лица од нашата федерација не ги пријавуваат нашите стрелци на ниту еден меѓународен натпревар, туку за развојот и унапредувањето на спортската форма на нашите стрелци, мораме ние самите како клуб да ја унапредуваме носејќи ги стрелците на трошок на клубот на вакви меѓународни турнири. – изјави Тина Гоџо тренер на екипата.
Од клубот изразуваат голема благодарност до Локалната самоуправа на Охрид, која им го организираше превозот на охридските стрелци до Бугарија.
OhridNews