Викендов на стрелиштето на Бејбунар се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушна пушка – сериска.

Натпреваруњето кое помина во знакот на охриѓани симболично со истрел го отвори градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.


Нов државен првак во екипна конкуренција  се пионерките во состав:Балабан Нина, Гоџоска Верица и Нестороска Емилија со резултат од 497 круга.

Во поединечна конкуренција Нина Балабан го освои првото место со погоден 181 круг, Гоџоска Верица се пласира на 5 место со 160 круга додека Нестороска Емилија  на седмото со резултат од 156 круга.

Во сениороска конкуренција охриѓанки ги поделија првите три места : Гоџоска Валентина I-во место со резултат 346 круга, Достиноска Валентина II-ро место со 324 круга, Крстаноска Јулијана  III-то место со 321 круг.


Првото место екипно го освоија охридските пионери во состав: Апостолоски Бобан, Блажзески Мики и гоџозски Мартин со резултат од 508 круга.

Поединчено  Апостолоски се пласира на I-то место со резултат од 181 круг,Блазески Мики го освои второто место со резултат од 169 круга, а Гоџооски се пласира на осмото место со резултат од 158 круга.

Сениорите пак завршија на третото место екипно со вкупен резултат од 957 круга во состав: Апостолоски Наум 336 круга, Кутаноски Пере  320 круга, Горѓиески Благоја 301 круг.


Истиот ден се одржа и Државно првенство за телесно инвалидизирани лица нак ој СК „Охрид“ астапи со двајца натпреварувачи во гаѓање со воздушна пушка со сталак.

Првото место заслузено го доби Танеска Снезана од СК,, Охрид,, со резултат од 362 кругови  а второто место му припадна на Танески Деан истотака од СК,, Охрид,, со резултат од 350 круга.

ohridnews