На самиот старт на натпреварувачката сезона, стрелците на „Ск Охрид’’ и ЖСК „Лихнидос”, настапиjа на меѓународниот куп „Војводина 2023” во Нови Сад, Р. Србија. Истите зедоа учество во двата натпреварувачки дена, во поединечна конкуренција и Mix team.

Во категорија на јуниори – пушка, Бојан Спасеновски, со резултат од 612.1 круг се пласира на 7-мата позиција, од вкупно 12 натпреварувачи, односно 11-то пласиран од вкупно 19 натпреварувачи во севкупен пласман – мажи. На истиот му недостасуваа само 5 круга за влез во финале.

Во истата категорија свој прв настап имаше и Кристијан Балоски, кој за жал пукаше далеку под своите можности и со резултат од 577.8 круга се пласира на 12-та позиција во јуниори пушка, односно 18-то пласиран во севкупен пласман. Во дисциплина воздушна пушка – жени, Јована Милевска од Ск „Охрид”, со резултат од 604.1 круг се пласира на 21-тата позиција од вкупно 31 натпреварувачки.

Вториот натпреварувачки ден, во Мix Team, Јована Милевска и Бојан Спасеновски со резултат од 602.7 круга по убавиот влез во првата серија, не успеаа да го задржат темпото за влез во финале, каде се пласираат само 4 тимови, па се пласираа на 8-мата позиција од вкупно 10 тимови. Кристијан Балоски во комбинација со стрелецот на РЕК „Битола”, Марија Црвенкоска, се пласираа на 10-тата позиција со вкупен резултат од 591.6 круга.

Веќе наредниот викенд, стрелците од двата клуба имаат настап на меѓународниот турнир во Софија, Р. Бугарија.

OhridNews