Изминатиот викенд на стрелиштетот Марко Цепенков во Прилеп по повод 11 октомври се одржа традиционалниот турнир „Македонија Опен” на кој учество зедоа повеќе клубови од Македонија, како и стрелците од нашиот град во категоријата сериска воздушна пушка.
Во пионерска категорија во машка конкуренција првото место го запоседна Бојан Спасеновски со резултат од 178 кругови, а Кристијан Џепароски со 168 кругови заврши на третата позиција. Четвртото место го зазеде Никола Спироски со 160 кругови.
Во категорија пионерки со златен медал се закити Марија Ванѓеловска со резултат од 177 кругови, а Ива Маленко со идентичен резултат како и трето пласираната со 171 круг, но со послаба втора серија не успеа да се закити со медал, па заврши како четвртопласирана.
Со четири одличја од можни шест охридскиот клуб беше најдобар во Прилеп.
OhridNews