Охридските бизнисмени ги здружија силите во новоформираниот Клуб на стопанственици кој денеска беше отворен во просториите на компанијата „ПАП“.

На чело на клубот е познатиот охридски бузнисмен Павел Попоски од компанијата „ПАП“. Тој смета дека со отворањето на Клубот на стопанственици, локалните бизнисмени полесно ќе можат да ги решаваат проблемите кои ги мачат во работењето, на начин што преку Сојузот на стопански комори ќе ги пренесуваат забелешките до повисоките државни инстанци.


Охрид доби Клуб на стопанственици – Павел Попоски

Попоски вели дека акцент во работењето на клубот на стопанственици треба да се стави во развој на индустријата. „Во последно време во Охрид  се обрнува внимание само на туризмот, но без индустрија и производство не може да има развој“, вели Павел Попоскли. Исто така акцент во работењето на локалниот клуб на стопанственици ќе биде ставен и на олеснување на процедурата за изградба на стопански капацитети, како и на царинските процедури, вели Попоски.

Клубот на стопанственици во Охрид свечено беше отворен денеска во присуство на поголем број локални бизнисмени.

ohridnews