Работниците со над 25 години стаж со нерешен статус, денеска по трет пат ќе протестирраат пред Владата и Собранието во Скопје. Овојпат тие ќе постават шатори пред државните институции и најавуваат дека нема да се повлечат се додека не биде решен нивниот статус.
На протестот учествуваат и членови на Здружението на работници со над 25 години работен стаж, стечајци, технолошки вишок и загубари од Охрид, кои утрово со автобус заминаа за Скопје.
Стечајците не се задоволни од како што велат игнорантскиот однос на Владата кон нив. Бараме решавање на начиот статус до пензионирање или идно вработување, како и минимален месечен надоместок со кој би можеле да ги плаќаат давачките кон државата, вели престедателот на Здружението на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус, стечајни работници, загубари и технолошки вишок од Охрид, Иван Николоски.