Тие беа дел од европската програма Младите во акција 2007 – 2013 , на која учествувајќи преку дискусии, средношколците ги изнесоа проблемите во сопствените земји од сферата на образованието, расната, етничката, религиската поделба, визниот режим, како и проблемите околу вработувањето по завршените студии.
Во склоп на активностите се одржа и манифестацијата Интернационално село каде Охрид имаше свој штанд на кој делегацијата го претстави својот град, култура, историја и храна.
Делегациите на збратимените градови имаа можност да се сретнат и да поразговараат со со градоначалникот на Каен, Филип Дурон, кој е и член во францускиот парламент.