Охридските спортски работници беа дел од семинарот кој се одржа во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработката со Општината Охрид и Националните спортски федерации.


На семинарот беа опфатени повеќе теми, почнувајќи од менаџерското водење на екипи, начинот на водењето на спортот и континуиран развој на спортот.


– Темите на овој семинар беа водењето на спортските колективи односно екипи, финансирањето, начинот на нивното водење и развојот на спортот. Јас во текот на мојот говор ги потсетив сите посетителите на семинарот дека Охрид како град има се она што му потребно за екипи од светот да дојдат и да се подготвуваат за натпревари со домашен и меѓународен карактер. Во насока кон подобрувањето на инфраструктурата во Охрид со помош на Агенцијата за млади и спорт се отворија игралишта за тенис и мултифункционално игралиште, а во напредна фаза е изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид кој ќе ја заокружи богата понуда во нашиот град. – рече заменикот градоначалникот, Ангел Јанев.


МОК, Охрид како домаќин го одбра поради спортската експанзија која градот ја доживува последниве години. Охридските спортисти се опфатени секаде, а круна на спортскиот успех беше учеството на Нина Балабан на Олимписките игри во Рио кои се одржаа летово.


– Навистина, изненаден сум од одзивот и интересот за семинарот во Охрид. Ние сакаме во секој град од Македонија да одржиме предавање на овие теми кои се од важно значење за спортот и да ги поттикниме сите чинители во спортот, тивко и просперитетно да работат за неговото добро. Охрид како домаќин го одбравме затоа што градот е во голем спортски подем. Екипите бележат врвни резултати, а Охрид инфраструктурно напредува како никогаш до сега. – потенцираше првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.

Предавачи на семинарот во Охрид беа Даниел Димевски, поранешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија и Д-р Сашо Поповски.

Мх.П.