Сите спортски натпревари и активности во земјава се одложени поради големата трагедија во Кочани во која загинаа 51 лице, а над 100 се повредени.

Спортските клубови од Охрид изразија сочувство до семејствата на жртвите и се солидаризираа со нацијата која тагува по изгубените животи.

  • Во овие тешки моменти за нацијата, изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан што се случи во Кочани. Нашите молитви се и со семејствата на повредените на кои им посакуваме добро заздравување.
    ГРК Охрид е со Кочани! – соопшти ГРК Охрид.
  • Изразуваме најискрено сочуство и поддршка до семејствата на овој немил настан кој ја потресе нашата земја! – се вели во реакцијата на Градскиот кошаркарски клуб Охрид.

Г.М.