Настапот на 45-те македонски спортисти на Европските игри во Баку, Азербејџан падна во сенка откако еден од спортистите падна на допинг тестот извршен по случаен избор од Македонскиот Олимписки комитет (МОК).


Меѓу 45-те спортисти седум се охриѓани, а шест се од Атлетскиот клуб Охрид. Ниту еден атлетичар од охридскиот клуб не бил на допинг тестирањата што веднаш ги амнестира од била каква поврзаност.


– Јас како тренер на екипата и селектор на македонската репрезентација тврдам дека атлетичарите од охридскиот клуб немаат користено недозволиви супстанции. Се случува да примаат одредени атлетичари супстанции, но се со договор со атлетската федерација и МОК. Секогаш кога од клубот наш имаме преставник на некое големо натпреварување сами бараме да подгледне на вакви тестирање за да ни биде чиста совеста пред сите други. – рече тренерот на А.К. Охрид, Влатко Димитров.


Ohridnews, телефонски ја контактираше стрелачката Нина Балабан, која настапува за скопскиот клуб „Стрелец“. – Не бев дел од тестирањата, но и никогаш не сум земала никава недозволива помош од таков вид. 

Европските игри кои за прв пат се одржуваат ќе траат од 12 до 28 јуни.

Мх.П.