Во Дебар се одржаа 21-те Регионални спортски натпревари на ЗП од четвртиот регион на кој настапија 32 спортисти–пензионери од градовите Охрид и Дебрца, Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод, Вевчани и домаќинот Дебар.

Спортистите пензионери и другите гости престваници на здруженијата најпрво ги поздрави претседателот на пензионерите на Дебар, Џеват Карпузи, потоа градоначалникот на Дебар, Ружди Лата и заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, а за отворени игрите ги прогласи претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија, Драги Аргироски.


Пензионерите спортисти се натпреваруваа во стандардните 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција и тоа: влечње јаже, скок од место, фрлање ѓуле, стрелање со воздушна пушка, шах, домино, табла, пикадо и трчање на 6о и 80 метри. Од годинава воведени се две нови дисциплини дисциплини, слободно фрлање кош и шутирање пенали на мали голчиња, наместо досегашните дисциплини двобој и тробој.


На овие спортски регионални натпревари, охридските пензионери спортисти освоија 16 први места во поединечна и екипна конкуренција со што стана и севкупен победник. Охридските спортисти го освоија првото место со 257 бодови, Струга 132 и Кичево 110 бодови. За освојувањето на првото место односно севкупен победник ЗП Охриди Дебрца заслужено го доби пехарот во трајна сопственост кој на претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески му го врачи претседателот на СЗПМ Драги Аргироски.


Со оваа победа пензионерите спортисти кои освоија први места се здобија со право на учество на Републичките спортски натпревари кои на 3-ти септемри ќе се одржат во Радовиш. Охридските пензионери и оваа година очекуваат по шести пат да го осовојат првото место и севкупни победници на Републичките спортски натпревари и по втор пат да го освојат преодниот пехар во трајна сопственост, кој се освојува за три последователни победи.


За одбележување е што досега во постоењето на 21-те спортски натпревари не се случило ниту едно здружение пет пати со ред да биде републички првак. Освен охридското здружение.

OhridNews