Спасителите на вода на Црвен крст Охрид одржаа заедничка вежба со своите колеги од Црвен крст Бамберг, Германија. Тие, на  реката Мајна увежбуваа нови техники на спасување и извлекување на давеник од вода на чамец со помош на специјална “даска за давеници”. Исто така беа увежбувани и техники на фрлање на специјална „торбица” за извлекување на давеник, информираат од Црвениот крст.



Драгоцените знаења и искуства стекнати при посетата на Единицата за спасување на вода на Црвен крст Бамберг, претставниците на Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид ќе ги пренесат на своите колеги на курсот за обука на спасители и инструктори за безбедност на вода, што во организација на Црвен крст Охрид ќе се одржи од 27 јуни до 05 јули 2009 г.


Охридските спасители вежбаа на Мајна

Посетата на охридскиот Црвен крст на  Бамберг завршува утре.

Ohridnews