Предлог одлуките за давање мислење на програмата за изведување на училишни екскурзии и други слободни активности во учебната 2015-2016 година во основните училишта во општина Охрид, предлог одлуката за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ со помал, односно поголем број на деца од законски утврдениот број- се дел од точките кои ќе се најдат на дневен ред на 43- та седница на советот на општина Охрид која ќе се одржи денеска.
Советниците ќе расправаат и за извештаите за работењето на секторите и одделенијата при локалната самоуправа во првите шест месеци од годинава, за извештаите за реализација на програмите, извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија како и за предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.
На дневен ред на кој има околу 70 точки ќе се најдат и предлог одлуки од сферата на урбанизмот.
OhridNews