Охридските социјалдемократи денеска избираат претседател и Извршен одбор на општинската организација.
Како што дознава ohridnews, единствен кандидат за претседател, кој добил подршка и од централата во Скопје, е актуелниот советник и вршител на должност директор во МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, но наши извори од партијата велат дека не е исклучена можноста на изборната конференција тој да добие против кандидат. Истите извори посочуваат дека многу е веројатно делегатите за претседател да го предложат Тони Чингоски, шеф на кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.
Инаку до кадровската комисија на СДСМ во Скопје најпрвин биле испратени 24 предлози, од кои централата била незадоволна. По извршените корекции и нови предлози, во игра останале 23 кандидати, за по завршната корекција раководството на партијата да и предложи на базата еден кандидат.
За новиот претседател на општинската организација на СДСМ ќе гласаат вкупно 85 делегати(31 по функција и 54 избрани од месните заедници), кои треба да изберат и нов Извршен одбор на партијата од 18 членови.
Г. Момироски