Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз – Охрид, денеска ќе одржи Изборна конференција на која ќе се бира ново раководство на огранокот.Првично конференцијата беше закажана за саботата, но поради неможност навреме да се подготват потребните матерјали, истата беше одложена за денеска.
Се очекува овој пат Изборната конференција да мине без тензии бидејќи партијата веќе обезбеди консензус околу изборот на новиот претседател. Според договорот направен неодамна со раководството во Скопје, нов претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид ќе биде Томе Чингоски -актуелен шеф на кабинетот на градоначалникот Петрески.
На изборната конференција се очекува Бранко Трпчески, кој исто така претендираше на претседателската функција да добие подршка за координатор на петтата изборна единица. Исто така ќе биде изгласан и новиот состав на извршниот одбор.
OHRIDNEWS