Крај малата капелна црква посветена на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин, охридските Софии, Љуби, Вери и Нади, денеска по девети пат заеднички ќе го прослават именденот.

Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 14.30 часот.

Црквата во Лагадин пред 9 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на имендените на сите кои ги носат имињата на светите маченички Софија, Вера, Љубов и Надеж.

Ohridnews