Забележителен успех остварија охридските ски ветерани и ветеранки на третото Државно првенство во алпско скијање за ветерани и ветеранки, „Шара куп 2022“, што викендов се одржа на Шар Планина, во организација на Здружението на спортски ветерани „Шарпланинец“ од Тетово, со спортска поддрша на ЕК „Нов ветар“ од Скопје и помагатели.
Кај ветеранките кои се натпреваруваа во категоријата 41+, Елена Цицкоска го освои одличното второ место. Ова е втор подиум за неа на Државното првенство за ветеранки, откако во 2019 беше прва.
Добри резултати постигнаа и охридските ски ветерани кои се натпреваруваат во три категории: 41+, 51+ и 61+.
Иако во осмата деценија од животот, Љупчо Поп Стефанија имаше уште еден забележителен настап на Државното првенство освојувајќи го 6-то место во категоријата 61+. Тој минатата година беше второпласиран, а во 2019 го освои седмото место.
На првенството настапија уште двајца ски ветерани од Охрид. Во категоријата 41+ Митко Апостолоски беше 9-ти, а Петар Паунчески 11-ти.
Г.М.