По убедливата победа во добра игра над Беласица, охридските „сини„ патуваат на Чаир кај трикратниот шампион на Македонија Слога Југомагнат. Далеку е овој тим на Слога како играчки така и организациски од оној во периодот од 1998-2001 кога ја освојуваше титулата.Пред охриѓани е тешко гостување на кое ќе мора добро да ги натопат дресовите ако сакаат да останат непоразени.
По минатогодишниот спас во последен час стружани по се изгледа не ја научија лекцијата. Вистинско мачење оваа година е првенството за нив. Однапред отпишани патуваат кај лидерот на табелата Металург.
Дербито на ова 7 коло се игра на Градски во Тетово , каде Тетекс ке ја пречека екипата на Турново. Бегство од опасната зона Беласица ќе брка на домашен терен против Дрита. Незгодниот Нов Милениум му гостува на Маџари ,Миравци ке го пречека Вардар од Неготино,а во скопската пресметка ке играат Алумина и Скопје . колото го заокружуваат Брегалница против Локомотива .Натпреварите се започнуваат во 15 часот .
Пелагониското дерби Пелистер – Победа е натпреварот кој треба да го привлече вниманието на љубителите на фудбалот. По поразот во Велмеј прилепчани ке мора да се вадат под Тумбе Кафе против расположениот Пелистер кој по долга пауза се наоѓа во водечката четворка во македонското првенство.
По контроверзниот пораз од Ренова минатото коло првата победа во првенството Цементарница ќе ја брка на домашен терен против Башкими.
Лидерот Милано ке го очекува жежок пречек во Тетово против Шкендија,а однапред впишани се трите бода на контото на Силекс кој во Кратово ке игра против лавовите од Ѓорче.
На Градски во Скопје Вардар ке игра против непредвидливата Ренова. Во минатото првенство во трите натпревари гипсарите беа посупешни од Вардарци.
Натпреварот во Кичево помеѓу Напредок и Работнички е одложен за вторник,поради настапот во Уефа купот на романтичарите.