Првата екипа на извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид, „Шампиони“ го освои првото место во конкуренцијата на помлади извидници на 42-от Меморијал “Марко Граорковски”- кој изминатиот викенд се одржа во Катланово. Охриѓани на меморијалот настапија со две екипи, составени од ученици на возраст од 10-14 годишна возраст.
На меморијалот зедоа учество 140 извидници од повеќе градови од државата, како и од соседна Р.Србија, кои се натпреваруваа во ориентација на карта, ориентација во природа, шаторизација, полигон на спретност, вештини и забавни игри.
Со победата на извидничкиот одред „Пионер“ градот Охрид се запиша во историјата на овој реномиран републички натпревар.
OhridNews