Во организација на Македонската Риболовна Федерација се одржа натпревар во спортски риболов за најмладите натпреварувачи – риболовци,  во дисциплината „пливка“.  На овој натпревар зеде учество и Кадетската екипа (за деца до 14 години) на Здружението на риболовци Спортски клуб „Св. Стефан“ од Охрид. Екипата беше сотавена од деца кои во изминатиот летен период редовно ја посетуваа Школата за риболов за деца во организација на ЗРСК „Св. Стефан“.

На натпреварот како риболовци учествуваа: Бојан Тренески, Христијан Неданоски, Мартин Крстески и Бојан Вршковски а капитен на екипата беше учителот од школата, Димче Мајковски. На многу тешката патека, на Крушевското Езеро, каде што уловот беше минимален Охридските рибари го освоија Првото место.

 

Зад себе ги оставија и екипите на Крушка од Велес и Бадар од Петровец ,кои на Државното првенство во спотски риболов беа шампиони и вицешампоини. Најдобар успех постигна натпреварувачот Бојан Тренески кој го освои првото мето во својата зона а Мартин Крстески беше втор во својата зона.

Ohridnews