Изминатиот викенд на акумулацијата Мавровица се одржа 2 коло од Државното првенство од крапската лига, кој воедно е квалификациски за учество на Светско првенство.
Екипата на „Св. Апостол Петар“ во состав: Марио Петковски, Јован Јолакоски и Александар Илиоски, го освои третото место, а го улови и најголемиот крап од 21,43 килограми.
Во второто коло триумфираше „Фишинг Индустри“ од Крива Паланка со улов од 232 365 грама, пред „Бабуна“ 182 240 грама и „Св. Апостол Петар“ со уловени 160 585 грама крап.
Охридските риболовци упатија благодарност до Општина Охрид, Адмирал казина и Хотел Су- Ликвид за поддршката.
До крајот на првенството останува уште едно коло по кое ќе биде познати кои екипи ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство. Во генералниот пласман екипата на „Св. Апостол Петар“ од Охрид е на 2 место.
Г.М.